Георгиев: Управниот суд стави печат на политичката инквизиција на ВМРО-ДПМНЕ во ДИК

Од:

За СДСМ, со срамните одлуки, Управниот Суд станал соучесник во манипулациите на режимот.

Судот со одбивањето на тужбите, велат, стави печат на политичката инквизиција на ВМРО ДПМНЕ во ДИК, каде сите одлуки беа донесени со еклатантно политичко надгласување 4:3. Нема појасна потврда дека во оваа држава не се суди согласно Устав и Закон, туку единствен критериум се желбите на еден човек и “фамилијата“.

„Управниот Суд со одбивањето на нашите тужби легитимираше и 3 скандалозни политички приговори на ВМРО ДПМНЕ за Струмица, кои немаат никаков правен основ ниту аргумент, туку се безобразен обид да му се украде победата на СДСМ и Зоран Заев.

– После серијата злоупотреби на власта пред и за време на кампањата, внесувањето на фантомски гласачи во Избирачкиот список, криминалното гласање на денот на изборите, со политичките одлуки на ДИК и Управниот Суд, се затвори кругот на режимскиот апарат за газење на правото и правдата и спроведување на нелегитимни и недемократски избори.Залуден е Изборниот законик, залудни се изборните органи и ДИК, залуден е Управиот Суд, приговори и тужби, кога исходот на изборите зависи само од волјата на режимот на Груевски. Залудни се и меѓународните набљудувачи кога очигледно овој режим не ги посакува ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија.

Очекуваме во иднина Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и официјално ќе го прогласува изборниот резултат, се разбира без право на приговор“, рече Гордан Георгиев.

Власта, рече, секогаш ја има најголемата одговорност за начинот на кој ги спроведува изборите. Кога тогаш Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со последиците од овие нивни одлуки.

„Ние имаме обврска да сториме се што е во наша моќ да спречиме фалсификување на волјата на граѓаните. И затоа и во вториот круг ќе се бориме за секој глас, во секоја општина, во секое населено место, во секоја улица и маало.

Затоа, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на II круг од локалните избори, бидејќи тоа е најефикасниот начин да се спротивставиме на манипулациите на ВМРО ДПМНЕ“, рече Георгиев.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“