Краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата” ја освои наградата за најдобар интернационален краток хорор филм на шестиот FINDECOIN – Интернационален независен филмски фестивал за краток и игран филм „The day is short” во Венецуела, соопшти продуцентската куќа „Квазар Филм“.
„Сонот за крвта и душата” е во режија на Игор Алексов, a сценариото го напиша Александар Русјаков.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценографијата ја изработи Влатко Зафирковски, костимите се на Раде Василев, а маската е на Горан Игњатовски.