Рекордна невработеност во еврозоната од 12 отсто

Од:

Невработеноста во еврозоната во февруари достигна рекордни 12 отсто, односно нешто над 19 милиони невработени лица, како последица на продолжението на должничката криза, која ја задушува економијата на монетарната унија.

Во 27-члената ЕУ невработеноста во февруари се зголеми на 10,9 отсто од јануарските 10,8 проценти, на 26,34 милиони невработени, се наведува во соопштението на европската статистичка агенција Евростат.

Најголеми стапки на невработеност во февруари имале Шпанија (26,3 отсто), Португалија (17,5 отсто) и Грција (26,4 отсто).

Меѓу земјите со најниска стапка на невработеност се Австрија (4,8 отсто) и Германија (5,4 проценти).

Во однос на невработеноста меѓу младите, таа во еврозоната во февруари изнесуваше 23,9 отсто, а во ЕУ 23,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот