Без гласот на советникот на партијата ДОМ, поранешниот совет на општина Центар немаше да ги изгласа промените на ДУП со кои се уништија преку 10 паркови во строгиот Центар на Скопје, велат од „Плоштад Слобода“.
„На денот кога ДОМ и Лилјана Поповска решија да го поддржат Владимир Тодоровиќ за Градоначалник на Центар заради “новите пет точки за нови паркови и зеленило”,
Плоштад Слобода укажува на учеството на оваа партија во уништувањето на парковите и зелените површини во центарот на Скопје. Имено, нивниот советник Насер Хот е еден од 22-те членови на советот на општината од минатиот состав и пресуден член во владеачкото мнозинство од 12 советници. Овие 12 советници ги изгласаа сите ДУП-ови со кои што се избришаа зелените површини на територијата на општина Центар. Без гласот на советникот на единствената декларирана зелена партија во Македонија (ДОМ), масакрите на дрвата во Скопје, немаше да се случат.
ДОМ претенциозно се нарекува дел од светското зелено политичко движење. Замислете како би реагирале нивните колеги од други земји на фактот што нашите т.н. зелени политичари без никаков приговор го даваат својот глас за брутално уништување на градското зеленило. Време е ДОМ да почне да го практикува она што го попува и да го спречи секое натамошно сечење на дрвата во центарот на Скопје. ДОМ мора да застане во одбрана на парковите кои беа соголени во мандатот на Тодоровиќ и да го зачува зеленилото што остана во градот. Досега, во мандатот на овој советник на ДОМ, без кого ова мнозинство не би постоело, од банални причини се уништени следниве паркови и зелени површини:
• Парк карши х. Бристол (административна зграда 10-катница)
• Два парка карши старата железничка станица
• Парк пред Домот на АРМ (црква со камбанарија)
• Паркот Жена Борец (десетици споменици и скулптури)
• Паркот пред КИЦ (катна гаража)
• Паркот зад Собранието на РМ (катна гаража)
• Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија (хотел и градска куќа)
• Паркот зад главната пошта (барокна катна гаража)
• Старите дрвореди на Илинденска и Климент Охридски (проширување на лентите
за автомобилите), се вели во реакцијата на „Плоштад Слобода“ во врска со денешната официјална поддршка на ДОМ за кандидатурата на Тодоровиќ.