Експерти ќе го испитуваат драстичното намалување на водостојот на Преспанското Езеро

Од:

Ќе се интензивира прекуграничната соработка со Албанија и Грција преку користење на сите расположиви дипломатски канали за реализација на трилатералниот договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа. Воедно, ќе се формира и заедничко координативно тело за прекуграничното управување и мониторинг, не само на водите на Преспанското Езеро, туку и целиот екосистем на eзерото.

Ова се дел од заклучоците од денешната итна координативна средба на иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на кој присуствувале и градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски, претставници на Македонското еколошко друштво, претставници на Хидробиолошкиот завод од Охрид, Инстиутот за Биологија при ПМФ, Шумарскиот факултет и невладини организации кои разговарале за надминување на состојбата на драстичното намалување на нивото на водите на Преспанското Езеро.

„Во исто време ќе се работи на интензивно детектирање и реализација на активности за исполнување на националните обврски и можности за надминување на состојбите во Преспанското Езеро. Заеднички беше ставот дека заштитата на Преспанското Езеро е процес на кој иако  и досега се работело, за да се добијат видливи резултати потребно е преземање на долгорочни, добро координирани, континуирани и финансиски покриени мерки“, стои во соопштението.

На состанокот било заклучено дека во најкус можен рок ќе се формира екпертска работна група, која ќе ги прибере и обработи сите постоечки податоци и ќе даде научна проценка за причините за драстичното намалување на водостојот на езерото.

„Групата ќе испита и ќе даде мислење дали покрај природните причини- долгиот сушен период кој се одрази врз нивото на водите не само на ова езеро туку воопшто на водотеците во државата, има некои посериозни влијанија предизвикани од човечкиот фактор. За тоа беше заклучено дека придонес мора да има и од Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. Пред се, неопходно е да се испита и да се дадат првични индикативни сознанија за можното влијание на земјоделието и користењето на бунарите за наводнување на земјоделските насади во оваа област. Истото ќе се испитува и во соседните држави“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Нуредини: Општините мора да си ги зајакнат сопствените капацитети за успешно воспоставување и одржување на регионалниот систем за управување со отпадот

А1он

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

А1он