Нуредини: Општините мора да си ги зајакнат сопствените капацитети за успешно воспоставување и одржување на регионалниот систем за управување со отпадот

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска, во Прилеп, присуствуваа на настанот на кој шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, на градоначалникот на о. Прилеп, Борче Јовчески, му ја врачи наградата за „Најзелена општина 2021“ .

Истакнувајќи дека целта на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Владата на РСМ е примена на принципот на „нула отпад“ и воведување на циркуларна економија, при што отпадот ќе се селектира и користи како секундарна суровина, а само мало количество на отпад што навистина нема никаква употребана вредност ќе заврши на депониите, министерот Нуредини нагласи дека ваквите проекти, кои ги мотивираат општините да применуваат добри практики во управувањето со отпадот доаѓаат во вистинско време.

– Подготвеноста и зрелоста на општината за примена на добри пракси во управувањето, но и развивање на добри навики кај граѓаните, се од клучна важност за успешното воспоставување и функционирање на системот за управување со отпадот. Се надевам дека добрите примери ќе се бидат мотивирачки и за сите други општини во државата – рече Нуредини.

Тој додаде дека Владата и МЖСПП успеаја да обезбедат финансии за изградбата на основната инфраструктура, дел од ЕУ фондовите и ИПА 2 Програмата, а за дел, во тек е постапката за обезбедување на заем во висина од 55 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Средствата се во вид на директна помош на општините, но тие мора да се подготвени бидејќи натамошното одржување на овие системи е во нивни раце, за што тие треба да ги равијат сопствените капацитети за во иднина да можат правилно да управуваат со изградените регионални депонии и со целата инфраструктура.

„Наградата за најзелена општина“ ја промовираше Делегацијата на Европската Унија, во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ, а Прилеп, во конкуренција на осум пријавени општини (Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково), според одборот за евалуација, беше препознаена како општина која најдобро ја има покажано еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

А1он

Нуредини: Производителите можат да продуцираат биоразградливи кеси до 1 јуни 2023 година

Нуредини: Чистата енергија е клучот за намалени климатски промени и поздрава иднина

А1он

Координативен состанок на Нуредини и Пендаровски за климатскиот самит во Глазгов

А1он

Нуредини: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот

А1он

Нуредини: Имаме амбициозни национални цели за намалување на влијанието на климатските промени

А1он