ВИДЕО: Министерката за култура ја потврди вредноста на делата на Аце Коцевски во Велес

Од:

„На почетокот сакам да и кажам благодарам на Министерката за култура Канческа Милевска, која дојде во Велес за да ја потврди вредноста на делата на Аце Коцевски. Министерката беше воодушевена од реконструираната куќа на Касапови.

Овој проектот вреден 100.000 евра, обезбедени од Светска Банка, како едно од најголемите дела на Коцесвки доби поддршка од Министерството за култура уште во 2005-та година. Ја покануваме Министерката да ја посети и куќата на Џинот уште еден проект на Коцевски со кој Велес се гордее. Не случајно Министерската најави дека ликовната колонија – папрадишки мајстори, иницирана од Коцевски и годинава министерството ќе ја поддржи со 50.000 денари.

Деновиве Велес стана топ дестинација. Ако во изминатите 4 години жив министер не дојде во Велес, сега за само една недела нè посети целиот државен врв, почнувајќи од премиерот завршувајќи со министрите. Зачудува што во работно време: Канческа Милеска, Ристовски, Јанакиевски и останатите, не одржаа отворена седница на влада во Велес, за да го оправдаат трошењето на народните пари.

И покрај оваа поддршка, очигледна е немоќта на Чадиев да покаже и докаже дека нешто направил.

Било какво дело. Најголемото „дело“ на Чадиев и советничкото мнозинството е раскрчмувањето на општинскиот имот. Цел Велес веќе знае дека тие ја изгласаа, а тој ја потпиша одлуката со која хотелот во Горно Врановци, вреден половина милион евра изграден со наши пари, е подарен на Општина Чашка. Па, барем да се продадеше и луѓето аир да видоа“, изјави Тања Најдова, Советник – Општина Велес, Сојуз за иднината.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он