А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да ги броеше лагите на Заев, бројчаникот на Триумфална ќе прегореше

by А1он02/03/2020 - 10:31163
Share0

„Бројчаникот на Триумфална да ги броеше лагите коишто секој ден излегуваат од устата на Заев, досега ќе прегореше.

Добивај вести на вибер

Во безидејната СДСМ се е во знак на милиони евра рекет и милиони изречени лаги. Лага е дека Заев ме може да се сети дали го потпишал записникот за пријавата на милионскиот рекет. Заев не го потпишал затоа што Заев е сценаристот и организаторот на институционалниот рекет. Заев е главата на октоподот, а Катица и Боки се обични извршители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и ваквиот СДСМ се срам за Македонија. Срам кој тежи милиони евра криминал, рекетирања, срам од кажаните лаги и срам за ветувањата коишто не ги исполнија.

Скапо платените функционери од власта на Заев не само што не можат да се сетат на три поголеми инвестиции кои влегле во Македонија, туку истите за нив се деловна тајна.

СДСМ повторно лаже и го потценува народот ветувајќи 100.000 вработувања, кога инвестиции нема, затоа што инвеститорите бегаат од рекет и катастрофалната даночна политика. Напредок со Заев на власт не може да има затоа што администрацијата е преполна со кадри по штабските списоци на СДСМ, а младите масовно си заминуваат од Македонија.

Државата умира со СДСМ на власт. хибридниот режим, нема ниту една мерка или проект за кој не излажа.

Ниеден граѓанин не сака да живее во држава каде што се лаже за изградба на канализација, изградба на патишта и болници, тргување со достоинството и државниот интерес.

Правдоубиецот треба да се соочи со реалноста којашто на 12 април ќе му експлодира пред лицето. Управителот на судството и обвинителството и неговата банда, за мафијашките зделки и трговијата со правдата и правото, ќе понесе одговорност.

На 12-ти април следува крај на мафијата на Зоран Заев и доаѓа обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто