По 483 – ти пат еврото е спасено. Ура?!

Од:

Иако европските лидери се уште не го најдоа вистинскиот начин како да го запрат „крварењето“ на еврото, сепак од Европа стигна една добра и една лоша вест. Добрата е што во петокот до доцна навечер, заедничката валута ја зголеми својата вредност и им подаде рака за спас на банките пред да се „удават“. Акционерите од цел свет се собраа за оваа прилика и имаше добра глетка на „Вол стрит“ .

Лошата вест е пак што во петокот до доцна навечер, заедничката валута ја зголеми својата вредност и им подаде рака за спас на банките пред да се „удават“. Акционерите од цел свет ги собра за оваа прилика и имаше добра глетка на „Вол стрит“.

„Секој пат кога европските лидери ќе објават некој вид на „дробно“ решение за спас од должничка криза на континентот, тоа на финансиските пазари делува како судија со последниот свиреж за крај на фудбалски натпревар, вели Форца Азури.

За жал, тоа е давање на лажно чувство на безбедност. Оваа драма е видена безброј пати, бидејќи Грција првпат почна да доминира во финансиските наслови од почетокот на 2010 година.

Еврото вчера скокна на речиси за речиси 1.27 долари. Фактот дека тоа и понатаму останува повисоко каде што беше на најниско ниво во текот на летото 2010 година, значи дека на пазарот се уште не постои сомнеж во нарушувањето на еврозоната. Со намалувањето на стравот, европските преставници си купија малку време за да можат да размислуваат како да се справат со проблемите на долгорочно ниво.

За еден месец ќе се знае, дали ова решение е конечно добро, или пак ќе се молат на САД да и помогнат на Европа.

Заедничката валута сега за сега не е „аут“, ама сепак се уште не се знае колку време нема да биде „даун“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он