Во Истанбул приведен главниот уредник на руски „Спутник“ на турски јазик

Од:

Истанбулската полиција денеска го приведе главниот уредник на интернет страната на руската агенција „Спутник“ на турски јазик, која е финансирана од Кремљ.

„Главниот уредник на Спутник во Турција Махир Бозтепе е приведен и се наоѓа во притвор“, соопшти на Твитер главната и одговорна уредничка на агенцијата Спутник, Маргарита Симоњан.

„Полицијата упадна во нашата канцеларија во Истанбул. Уапсен е наш нов соработник…Турцијо, што се случува?“, праша таа.

Неколку часа претходно, во Анкара беа приведени уште тројца соработници на Спутник, соопшти невладината организација Репортери без граници. Пред околу еден час, тие биле пуштени.

Припадниците на турската полиција околу 13.20 часот влегле во просториите на Спутник во Истанбул и барале средба со претставниците на агенцијата. Во тој момент, таму биле само дежурните новинари. Полицијата рекла дека нема да го напушти објектот се додека не се сретнат со претставниците. Тие, наводно, рекле дека ги бараат поради вчера објавен напис, во кој Спутник ја нарекол покраината Хатај „украдена“, која била интегрирана во Турција во 1939 година, кога била препуштена од Франција, која тогашната Лига на народи ја овластила да управува со Сирија за да осигура неутралност на Анкара за време на Втората светска војна.

Руското Министерство за надворешни работи ги повика денеска турските власти да интервенираат и да ја гарантираат безбедноста на новинарите од руските медиуми. 

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски