За еден ден потврдени се дванаесет нови случаи на коронавирус во Велика Британија. Ова е најголемиот број на заболени за еден ден во оваа земја.
За тројца од пациентите се знае дека тие веќе биле во контакт со лица кои веќе го имале вирусот.
„Тие и на тој начин беа најдени, преку лоцирање на лица со кои заболените имале контакт“, изјави за британските медиуми професорот Крис Вити.
За еден од пациентите не се знае како се заразил, додека шестмина имале патувано во Италија, а двајца биле во Иран.
Вчера во Велика Британија имаше три нови случаи на коронавирус.