Поради коронавирусот најбогатите луѓе во светот за една недела загубија 444 милијарди долари

Од:

Поради сериозниот пад на вредноста на акциите на светските берзи од коронавирусот вкупната сума со која 500-те најбогати луѓе на планетата неделава беа „олеснети“ изнесува 444 милијарди долари, јави агенцијата Блумберг.

Според анализата на агенцијата, тројцата најбогати луѓе во светот: извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, и генералниот менаџер на француската групација ЛВМХ (Луис Витон, Моет, Хенеси ), Бернар Арно, претрпеле најголеми загуби. Според проценките на агенцијата, нивната состојба на сметките е намалена за околу 30 милијарди долари.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, 25-ти во ранкингот на најбогати луѓе на планетата, неделава загубил девет милијарди долари, по падот на вредноста на неговите акции.

Според „Вол Стрит Џорнал“ последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.

Истовремено котирањата на акциите на повеќе од 95 отсто од компаниите, претставени на листата на индексот S&P 500, паднаа за повеќе од 10 отсто во однос на претходно постигнатите максимуми.

Би можело да ве интересира

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Московската берза повторно работи: Проблемот е предизвикан од софтверска грешка

Московската берза го прекина тргувањето

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

A1on

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он