Маж и жена без дозвола го напуштиле карантинот на Инфективното одделение во Штип, по што се ставени во домашна изолација

Од:

Маж од Виница и неговата партнерка, државјанка на Хрватска без дозвола го напуштиле карантинскиот дел на Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип, по што отишле во домот на виничанецот, каде веднаш се ставени во изолација. Тие пријавиле во Инфективното одделение дека имаат симптоми на коронавирус по посетата на Италија.

Ова вечерва го потврди министерот за здавство Венко Филипче, кој рече дека мажот и жената не се вратени во Инфективното одделение, туку се во изолација во домот на Виничанецот.

– Избегале, но дома отишле, се исплашиле. Не се вратени во Инфективното одделение, дома се во изолација. Ова ми го соопштија од МВР, изјави Филипче.

Мажот и жената го напуштиле без дозвола Инфективното одделение откако искршиле еден од прозорците на болничката соба.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски