Претседателот на косовското здружение на филмски уметници Лирак Челај бара Емир Кустурица да се прогласи за персона нон грата, откако беше најавено дека ќе снима филм за трговијата со органи на Косово, и воедно побара реакција од меѓународната заедница.
Челај смета дека најавата дека Кустурица ќе снима филм за трговијата со органи на Косово „претставува продолжување на анти-албанската пропаганда и Приштина треба да го прогласи за персона нон грата“.
– На ваквата најава треба да реагираат локалните власти, но и меѓународната заедница. Кустурица не можеме да го нарекуваме уметник, бидејќи го поддржуваше режимот на Слободан Милошевиќ, тврди Челај, кој инаку е висок функционер во Демократската партија на Хашим Тачи.