(ВИДЕО) Томовски: Власта да одговори која фирма ќе го добие 19 милионскиот тендер во РEK Битола

Од:

„СДСМ забрзано турка криминал од 19 милиони евра во РЕК Битола, со тендерот за набавка на помошна механизација.

Власта изврши низа законски прекршувања во постапката за јавна набавка за помошна механизација за потребите на РЕК Битола. Имено на 24.01.2020 година, на неполни 7 дена пред истекот на рокот за поднесување понуди, врши промена во тендерската документација, спротивно на закон и без продолжување на рокот за поднесување на понуди“, изјави Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ го штелува и мести тендерот. Очигледно е дека извршените промени се со цел учество на јавно надавање да се ограничи на однапред определен број на фирми.

Овој криминал во обид бил воочен од фирмите кои не се во шема со власта и истите го обжалиле процесот на јавна набавка до Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Заев и Ковачевски да одговорат која е фирмата за која се крои 19 милионски бонбона бизнис во ек на кампања и дали се брза да се додели тендер со цел испумпување на пари на сметка на фирми блиски до СДСМ за финансирање на кампањата!?

До нас пристигнаа сериозни непотврдени информации дека се врши притисок врз членовите на Државната комисија за жалби по јавните набавки за отфрлање на жалбата на тендерот со цел да се обезбедат црни пари за кампања на СДСМ.

Апелираме до Државната комисија за жалби по јавните набавки и АД ЕЛЕМ да не си играат со законите и за партиски цели да прават кривично дело. Одговорност за секој криминал ќе има“, вели Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче