Компанијата Фејсбук одобри изградба на визијата на архитектот Френк Гехри за својот нов кампус во калифорниското седиште.
Гехри е еден од најзначајните светски архитекти, а познат е по своите решенија за музејот Гугенхајм и Концертната сала Волт Дизни во Лос Анџелес.
Изградбата ќе овозможи неколку илјади нови работни места во Менло Парк во близина на моментното седиште на компанијата во Силиконската долина. Гигантската градба ќе има и голем парк на кровот. На изградба ќе работат 2.800 инженери, а со постоечката зграда новиот кампус ќе биде поврзан со тунел.