„Ер Франс“ укинува околу 1.500 работни места до 2022 година

Од:

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ планира да прекине 1.500 работни места до 2022 година, без присилно одложување, а мерката најмногу ќе биде насочена кон персонал кој не е во авионите, соопштија извори на синдикатот.

Намалувањето на работните места претежно ќе се однесува на т.н. функции за поддршка, како што се човечки ресурси, логистика или финансии, велат истите извори.

Ер Франс од 41.230 работни места на крајот на 2019 година ќе има 39.720 работни места три години подоцна, што е 1.510 укинати работни места.

Во овој период, многу вработени ќе се пензионираат или ќе заминат од други причини, и тој број е проценет на околу 3.800.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано