ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење

Од:

„Лидерот на БЕСА за лидерот на СДСМ Заев кажа: “Тој е измамник кој не си стои на зборот”. Два месеца потоа коалицира со истиот тој измамник.

СДСМ и БЕСА денес формираа коалиција за пораз на изборите на 12 април. Коалицијата е спој на луѓе без јасни и конкретни ставови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е човекот кој од Македонија направи хибриден режим, оваа коалиција е за создавање на целосен режим. Зоран Заев е човекот, главата на криминалниот октопод, шефот на мафијата. Тој е човекот под чии диктат се носат судски одлуки и се кројат кривични постапки.

Заев е човекот зад криминалот, корупцијата и рекетот, поради кои Македонија падна за 13 места на индексот на корупција на Транспаренси.

Коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е коалиција за продолжување на криминалното владеење. БЕСА е партијата која заговараше федерализација на Македонија, а добро е да се знае дали и Заев ги дели истите ставови. СДСМ креира поделби.

Граѓаните ќе ги поразат СДСМ на изборите на 12 април и ќе ја донесат правдата во Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО