Мајките секојдневно одговараат на 288 прашања

Од:

Најновата британска студија покажува дека децата секој ден на мајката и поставуваат по 288 прашања или 23 прашања во еден час.

Девојчињата на возраст од четири години се најљубопитни и просечно дневно поставуваат и до 390 прашања, што значи дека имаат по едно прашање на секои две минути.

Истражувањето покажува дека од утрото во седум часот и 19 минути па до вечерта во 19 часот и 59 минути мајката е „тестирана“ 12,5 часа дневно односно на секои две минути и 36 секунди.

Децата најмногу поставуваат прашања за време на оброците, кога поставуваат 11 прашања, а 10 прашања поставуваат во продавница.

Околу 82 проценти од децата одговориле дека најчесто ја прашуваат мајката, додека една четвртина од децата изјавиле дека тоа го прават бидејќи татковците им одговараат „прашај ја мајка ти“.

Иако бројот на прашата што децата ги поставуваат се намалува како тие растат, тоа не е причина за опуштање, бидејќи прашањата стануваат се покомлицирани.

Пет најтешки прашања за мајките:

– Зошто водата е мокра?

– Каде завршува небото?

– Од што се направени сенките?

– Зошто небото е сино?

– Како рибите дишат под вода?

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ