ФОТО: Дојранското езеро ја надмина нултата кота

Од:

Мартовската дождовна сезона предизвика зголемен водостој на Дојранското Езеро, кое веќе ја надмина нултата кота и е за десет сантиметри над неа.

За првпат по 12 години и еколошката катастрофа на езерото, тоа ја достигнува својата најдобра хидролошка состојба, забележана во 2011 година.

Погоден фактор за сето ова се големиот број дождовни денови, зголемениот водотек од притоките во езерото и од грчка и од македонска страна, како и природниот слив од топењето на снеговите на Беласица.

– Ова во голема мера ќе ја подобри состојбата со флората и со фауната во езерото, а особено ќе му погодува и на мрестот на рибите, кои ќе имаат доволно кислород за живот – изјавуваат дојранчани, за кои езерото е секогаш нишка од секојдневието, главен услов за развој на туризмот, но и одлика на локалниот бизнис.

Надојдените води веќе навлегоа повеќе од десетина метри од крајбрежјето, стигнувајќи до сламените чадори на градската плажа. Тоа е само уште еден аргумент дека и годинава основна грижа треба да биде обновувањето на плажите, кои езерото со своето водено темпо секогаш го става како приоритет при почетокот на секоја летна туристичка сезона.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

(ВИДЕО) Големи поплави во Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил