Мартин Скорсезе ќе снима ТВ серија во епската приказна за криминалот и политиката – „Бандите на Њујорк”.
Филмот во 2002 година беше номиниран во 10 категории за наградите Оскар, но не освои ниту еден.
Скорсезе го создал оригиналното сценарио, откако ја прочитал книгата на Херберт Осбери „Бандите на Њујорк”.
– Тој секогаш гледаше на оваа приказна како на вистински американски еп и сега ќе се обиде да и даде дополнителен интегритет, се вели во соопштението за медиумите на студиото Miramax и режисерот. Тој, од своја страна, додава: „Американската историја и наследството кое сме го добиле, се богати со ликови и приказни кои не можеме да ги опфатиме за 2 часа. Телевизиската серија ни дава време и творечката слобода да му вдахнеме живот на овој посебен свет и јас сум многу воодушевен од можноста заедно со Miramax да ги раскажеме овие приказни“.
Сериајаът ќе зборува за раѓањето на организираниот криминал не само во Њујорк, туку и во градовите како Чикаго и Њу Орлеанс.
Филмот „Бандите на Њујорк“ инкасираше 77,8 милиони долари во САД и уште 116 милиони на кино благајните ширум целиот свет.
Inpress