МОН со препораки до образовните институции за коронавирусот

Од:

До училиштата, универзитетите, јавните научни и образовни институции доставени се детални насоки како да постапуваат со цел да се заштитат учениците, студентите и вработените од евентуално заболување на коронавирусот.

Од Министерството за образование и наука информираат дека наложено им е на образовните установи да ги одложат планираните екскурзии во Италија, а во најкус можен рок по телефонски или електронски пат да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван.

– Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата, информираат од МОН.

Од раководствата на училиштата, универзитетите, јавните научни установи и сите други образовни институции се бара да ја подигнат и хигиената на највисоко ниво во сите простории каде има честа фреквенција на луѓе.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски