Јенс Шпан: Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус

Од:

Германија е на почетокот на епидемијата на новиот коронавирус, бидејќи новите случаи на инфекција во државата не можат да се следат до првобитниот извор во Кина. Тоа го соопшти денеска на прес-конференција германскиот министер за здравство Јенс Шпанс.

Појавата на пет нови случаи на коронавирус во западниот и јужниот дел на Германија, со кои инфицираните во државата стануваат околу 20, значи дека болеста влегува во нова фаза, рече министерот.

-Синџирите за пренесување на инфекцијата веќе делумно не можеме да ги следиме и ова е нешто ново, рече Шпан.

Според него, голем број луѓе биле во контакт со пациенти и ова е „голема промена“ во споредба со досегашните 16 пациенти, во кои „синџирот би можел да се проследи назад кон изворот во Кина“.

Министерот ги повика луѓето да не паничат, сепак, и истакна дека „не секоја кашлица е случај на коронавирус“. Според него, во болниците во Германија има доволно изолатори ако треба да бидат примени голем број на пациенти.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски