Стаменковска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“

Од:

Дополнителната заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок“ со која ги охрабрува вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на изборите што ќе се одржат на 12 април.

Таа истакна дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани, и како такви треба да го остварат и своето право на глас.

– Довербата од граѓаните кои ми пишуваат секојдневно ќе ја искористам за да помогнам и придонесам за фер изборен процес и во таа насока во следниот период ја најавувам кампањата која ќе ја започнам по општините во земјава, со цел да ја подигнам јавната свест за професионална и деполитизирана администрација која не трпи притисок, заплашување и поткуп, рече дополнителната заменик министерка.

Стаменковска најави и дека од следната недела ќе почне со неколку посети по општините, прво ќе го посети Штип, потоа Крива Паланка, Свети Николе и Битола, и ги повика сите граѓани, институции и вработени во јавниот сектор да се придружат и да ја поддржат оваа кампањата.

– Ги охрабрувам и сите оние кои на било каков начин до сега биле заплашувани, им се вршело каков било притисок од било кој апсект а се вработени во јавната администртација да не поддржат и посетат на настаните, додаде дополнителната заменик министерката.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски