А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиевски вети подобра сигнализација и реконструкција на локални патишта во Куманово

by А1он01/04/2013 - 15:0699
Share0

Кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски денеска најави подобрување на сигнализацијата на влезовите во градот и реконструкција на неколку локални патни правци.

Добивај вести на вибер

Тој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески оцени дека влезовите во Куманово, како еден од поголемите градови во државата, не се соодветно решени.

– Влезот и излезот на Куманово, на Коридорот 8, сметаме дека не е најадекватно решен. Во договор со Министерството за транспорт и врски и со нивна стручна помош, а се надеваме и на финансиска, ќе најдеме решение за овој актуелен проблем кое ќе биде најадекватно за сите и во интерес на безбедноста на сообраќајот, изјави Ѓорѓиевски.

Министерот Јанакиески нагласи дека Куманово заслужува да има модерни влезови, но оти досега имале проблем со општината околу реализацијата за поставување на соодветна сигнализација.

– Куманово како еден од поголемите центри во Македонија заслужува да има модерни влезови. Тоа ќе го работиме заедно со Агенцијата за државни патишта и со општината. Претходно, имавме проблем во соработка со општината да ги осветлиме и да направиме сигнализација онаква каква што треба да има, рече Јанакиески.

Во програмата на Ѓорѓиевски е планирана и реконструкција на три локални патишта Куманово – Романовце, Карпош – Зебрњак и Клечовце – Зебрњак.

– Ова се три локални патишта многу важни за населението и како Влада во соработка со идниот градоначалник ќе ги реализираме во наредниот четиригодишен период. Како Влада ги обезбедивме средствата уште пред три и пол години и во најголем дел од општините се изградени над 200 локални патишта, рече Јанакиески.

Притоа нагласи дека Куманово како општина има искористено мал дел од средствата за локални патишта, но изрази надеж дека соработката со идниот градоначалник ќе биде подобра.

– За водоводите се искористени средства само за еден проект во вредност од осум милиони денари, а има над 200 милиони денари средства, што значи ниту пет проценти. Истото тоа се однесува и за локалните патишта. Администрацијата на Куманово многу бавно ги подготвуваше проектите. Очекувам дека со идниот градоначалник и со идната општинска администрација ќе имаме подобра соработка и сите проекти многу побргу ќе се реализираат, истакна министерот Јанакиески.

izbori

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен