Пласидо Доминго призна дека сексуално вознемирувал 20 жени, сега бара прошка од нив

Од:

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго, кој се соочува со повеќе обвиненија за сексуално вознемирување, во вторникот се извини за „повредата“ што им ја предизвикал на жените што го обвинуваат, велејќи дека прифаќа целосна одговорност за своите постапки.

79-годишниот маестро, кој беше директор и диригент во некои од најпрестижните светски оперски куќи, е обвинет од најмалку 20 жени за насилно бакнување, допирање и непримерни активности кои датираат од 1980 година.

„Почитувам дека овие жени конечно се почувствувале спремни да зборуваат и сакам да знаат дека навистина ми е жал за повредата што им ја предизвикав. Прифаќам целосна одговорност за моите постапки“, стои во соопштението објавено од неговиот публицист во Лос Анџелес.

Во изјавата не се потврдени конкретно наводите.

Доминго претходно ги негираше сите тврдења, нарекувајќи ги „неточни“ и рече дека сите интеракции и меѓусебни односи „секогаш биле добредојдени и консензуални“.

Обвинувањата излегоа на површина во август минатата година, а два месецa подоцна тој се повлече од функцијата генерален директор на Операта во Лос Анџелес, како и од понатамошни настапи во њујоршката „Опера Метрополитен“ со што всушност ја заврши својата кариера во САД.

Изјавата на Доминго беше објавена кога американскиот синдикат на музички уметници (АГМА) ја заврши независната истрага против славниот баритон (претходно тенор) за наводно сексуално вознемиривање и дискриминација. Истрагата започна во септември откако 20 жени го обвинија Доминго за вознемирување, недолично сексуално однесување и дека во некои случаи ја користел својата позиција за да им наштети на кариерата.

„Истрагата заклучи дека Доминго, всушност, имал несоодветна и непримерна активност, почнувајќи од флертување до сексуални намери, во и надвор од работното место“, се вели во соопштението од синдикатот за опера, хор и танц.

„Многумина од сведоците наведоа страв од одмазда, односно страв за својата кариера како причина што не проговориле порано“, се вели во соопштението, посочувајќи дека oдборот ги прифаќа наодите на извештајот и ќе преземе соодветни активности.

Би можело да ве интересира

Доминго: Никогаш не сум злоупотребил овластувања, секогаш сум помагал

Ана Ололовска

Пласидо Доминго хоспитализиран во Мексико поради коронавирус

Ана Ололовска

Пласидо Доминго е позитивен на коронавирус

Ана Ололовска

Пласидо Доминго веќе не е директор на Операта на Лос Анџелес

Ана Ололовска

„ЛА Опера“ најави истрага за обвиненијата против Доминго

Пласидо Доминго обвинет за сексуално злоставување