Пласидо Доминго е позитивен на коронавирус

Од:

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е заразен со коронавирус, откако неговиот тест се покажал позитивен.

Веста за заразувањето Доминго ја соопшти самиот на својот профил на фејсбук.

-Се чувствувам обврзан да ве информирам дека имав позитивен тест за Ковид -19. Моето семејство и јас сме во самоизолација. Во моментов сите сме во добра состојба, но јас почуствував симптоми на треска и кашлица и затоа одлучив да се тестирам и резултатот се покажа позитивен. Ги молам сите да бидат исклучително внимателни, почитувајќи ги основните правила, како честото миење раце, стојте на растојание од најмалку два метра од други луѓе, и правете се што е можно за да го запрете ширењето на вирусот. Пред се најважно е да останете дома, ако можете! Заедно можеме да се избориме со овој вирус и да ја запреме актуелнава светска криза. Имам надеж дека наскоро ќе се вратиме кон своето нормално секојдневие. Ве молам да ги следите пораките и нардбите на локалните власти за да останете безбедни и да се заштитите не само себе си, туку и нашата цела заедница”, напиша оперскиот пејач на својот профил на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Пласидо Доминго хоспитализиран во Мексико поради коронавирус

Ана Ололовска

Пласидо Доминго призна дека сексуално вознемирувал 20 жени, сега бара прошка од нив

Ана Ололовска

Пласидо Доминго веќе не е директор на Операта на Лос Анџелес

Ана Ололовска

„ЛА Опера“ најави истрага за обвиненијата против Доминго

Пласидо Доминго обвинет за сексуално злоставување

Пласидо Доминго откажа настап поради губење на гласот

Ана Ололовска