ВМРО-ДПМНЕ: Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата

Од:

„Зоран Заев е главата на криминалниот октопод и шеф на мафијата. Зоран Заев ја закопа правдата во Македонија.

Заев три години кроел обвиненија и диктирал пресуди. Снимката која ја слушна јавноста покажува дека Врховен носел пресуди по “трас трас” системот на Заев, а за целиот процес запознаена била и Катица.

Одговорност за Заев мора да има. Заев мора да одговара за злоупотреба на службената положба и овластување, но не со ова обвинителство, туку со обвинителство во кое ќе бидат обвинители предложени од експертската јавност, луѓе кои уживаат кредибилитет во фелата и имаат интегритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Врховниот суд на Република Македонија мора да има итна и неодложна ревизија на работата на судиите. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребни се оставки и одговорност пред законите.

Неопходна е и итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите.

Македонија нема повеќе време за губење.

На 12 април следува крај на мафијата. По 12 април почнува обновата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски