Легализирани 1.033 бесправно изградени објекти во Струмица

Од:

Секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица, а согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти, досега издал 1.033 решенија со правен статус за легализација на дивоградби.

Од доставените 2.678 елаборати, за 1.292 донесена е урбанистичка согласност, а 25 барања за легализација се одбиени.

Нерешените имотни проблеми, промената на барателите и недоставувањето на елаборатите, се најчестите проблеми со кои се соочуваат службите во секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица во легализацијата на дивоградбите.

Според информацијата од Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални дејности, за вкупно поднесените 9.306 барања за легализација на бесправно изградените објекти, досега доставени се само 2.678 елаборати или само 28 насто од подносителите го завршиле овој дел од постапката за легализација за период од две години.

Од секторот за урбанизам апелираат до граѓаните, да ја комплетираат документацијата за да може побрзо да се решаваат барањата за легализација на бесправно изградените објекти во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење