Продолжен притворот на заканувачот Емил Јакимовски, пресудата на 6 март

Од:

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет за загрозување на сигурноста на неговата поранешна сопруга и на новинарката Мери Јордановска.

Јакимовски беше пријавуван и дека се заканувал на новинарката од ТВ Алфа Искра Коровешовска, на директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, но и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Јакимовски беше уапсен на 17 јануари, по пријавите на двете новинарки дека на социјалните мрежи и преку телекомуникациската мрежа „Телеграм“ им упатувал навреди и закани, но и по пријавата на неговата поранешна сопруга. Тој е веќе осуден за семејно насилство со условна казна затвор.

Денеска се одржа ново рочиште во кривичниот предмет на кое исказ даваше неговата поранешна сопруга и новинарката Мери Јордановска.

Поради изнесување на приватни околности, јавноста и на ова, како и на претходните рочишта беше исклучена со решение на судечкиот судија Џенете Бектовиќ.

Завршните зборови и изрекувањето на пресудата за Емил Јакимовски ќе се случат на 6 март 2020 година во Основниот кривичен суд во Скопје.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он