(ВИДЕО) Мицкоски: „Трас, трас“, вака Заев ја егзекутира правдата во Македонија

Од:

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го почна говорот на протестниот марш против неправдата, кој почна од Обвинителството, а заврши пред Врховниот суд.

vmro dpmne protest

Зад него стоеја младите од партијата кои носеа транспаренти „Ниту правда, ниту мир“, „Заробена правда, заробена држава“, „Стоп за Заев и мафијата“. Откако беше пуштена македонската химна и аудио – материјалите на кои наводно се слуша гласот на Зоран Заев, а кои пратеникот Антонио Милошоски ги достави до Обвинителството, Мицкоски рече:

„Поминаа 48 часа, а нема реакција ниту од Вилма Русковска, ниту од било кој друг. А Заев е нечесен од глава до петици. Слушнавме како ја егзекутира правдата или што би рекле ‘трас, трас’. Не докажа ниту еден криминал, а многу криминали амнестираше“.

Мицкоски побара покренување на истрага за Заев, кој, според партијата, се мешал во судските одлуки и тим од обвинители кои ќе бидат непристрасни и ќе го расветлат случајот.

Како второ барање, Мицкоски ја посочи ревизијата на работата на Врховниот суд и нивните одлуки, а доколку се докаже дека работеле незаконски, тој побара нивни оставки.

Третото барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се реформи во Советот за правосудство и експертска помош во реализирањето на реформите.

Целиот говор на Мицкоски беше насочен кон Зоран Заев. За себе, тој единствено рече дека доколку дојде на власт, „нема на памет да му дојде да се меша во судската власт“.

„Прав е патот само до Идризово, а одговорност ќе има, без разлика на името и презимето и кој од каде доаѓа. Заев, ќе изгубиш, и ти тоа добро го знаеш“, порача Мицкоски пред присутните.

На протестниот марш меѓудругите присуствуваа и Александар Николовски, генералниот секретар на партијата, бивши пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски координатор на ВМРО, експратеничките Ане Лашкоска и Магдалена Манаскова, Тимчо Муцунски, Влатко Ѓорчев, Валентина Божиновска и други.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ