Димитров на работен појадок со резидентните Амбасадори на земјите членки на ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со резидентните амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ.

На состанокот, министерот Димитров првично изрази благодарност за заложбите и поддршката што Хрватска ја дава во поглед на европската перспектива на земјите од Регионот за време на нивното претседавање, особено во претстојниов клучен период.

Тој подетално ги брифираше амбасадорите за актуелните случувања на домашен план, пред сè поврзани со последните активности и резултати на реформски план и донесувањето на значајна легислатива во Собранието пред неговото распуштање на 16 февруари 2020.

Притоа,  Димитров ја нагласи посветеноста и решеноста демонстрирана од страна на државата и покрај деликатноста на процесите и контекстот после октомврискиот ЕУ Самит да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција.

Меѓу другото на состанокот беа разменети мислења и за актуелните случувања во рамки на Регионот и самата ЕУ, за ажурираната методологија за пристапни преговори предложена од страна на Европската комисија, како и за очекуваните вонредни мини извештаи на Европската комисија за последниот напредок на земјата.

Од страна на министерот Димитров беше изразена надеж дека овој пат ќе бидат препознаени создадените поволни околности и состојки за заеднички успех на земјата и ЕУ, преку донесување  на заслужената одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија