Кога милијардерите би го поделиле богатството секој жител на Земјата би добил по 768 долари

Од:

Кога 1.426-те милијардери во светот би го поделиле со светската популација своето вкупно богатство од 5,4 билиони долари, секој жител на планетата Земја би тобил точно 768,37 долари.

Овој интересен податок го пресмета магазинот „Форбс“, кој по повод 27-годишницата од постоењето направи иконографика во која се истражи што 1.426-те милијардери би можеле да направат со своето богатство.

Исто така, доколку светските милијардери меѓусебно си ги поделат парите, на тој начин сите да имаат подеднакво, секој од нив би бил „тежок“ со малку над 3,8 милијарди долари.

„Форбс“ наведе и дека, доколку најбогатите луѓе на планетата си формираат своја држава, таа би биле четврта најбогата земја во светот, веднаш зад Јапонија.

Доколку не можат да се договорат, најбогатиот човек на светот Карлос Слим, чие богатство се проценува на 73 милијарди долари, би можел да создаде сопствена држава со поголем БДП од, на пример, Азребејџан.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ