Џојстикот на Плејстејшн 5, најверојатно, ќе ги бележи реакциите на телото

Од:

Сони внимателно ги крие тајните поврзани за најновата конзола на Плејстејшн во најава, но тие сè повеќе „случајно“ се откриваат и „протекуваат“ во јавноста.

Меѓу последните гласини, се и оние дека Сони Плејстејшн 5 ќе биде компатибилен со игрите на „четворката“.

Се говори и за нов патент што овозможува дополнителни функции на џојстикот… Станува збор за технологија со опции за следење за телесните реакции на играчот при играњето – колку тој се поти, колкав е бројот на отчукувања на срцето итн.

„Производителите сакаат на гејмерите да им понудат интерактивно и тридимензионално искуство, заради поголемо уживање во игрите. Сè поголемиот пристап до екрани кои се држат на глава како, на пр., ВР очилата, ја направи оваа технологија доста барана”, се вели во описот на патентот.

Овие наводи сѐ уште не се официјално потврдени.

Датумот на објавување на Плестејшн 5, како и продажната цена, сѐ уште не се познати. Сони ги почитува строгите НДА стандарди, за да ги заштити патентите кои се дел од новата конзола. Освен тоа, и Мајкрософт имаше планови оваа година да ја претстави својата Икс-бокс, па Сони се обидува да ги сокрие своите адути.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска