Попоски се сретна со јапонискиот заменик-министер за надворешни работи

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска го прими заменик-министерот за надворешни работи на Јапонија Минору Киучи.

Како што соопшти МНР, на средбата се разменети мислења во врска со можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Во тој контекст, заменикот-министер Киучи се заблагодари за Одлуката на македонската Влада да упати дипломат во Токио, кој во наредните два месеца ќе ги заврши сите формални процедури за отворање амбасада.

Двајцата соговорници ја нагласија потребата од натамошно интензивирање и развивање на соработката во рамки на меѓународните организации и институции, на политичката и економската соработка и на соработката во областите на туризмот, културата и образованието. Министерот Попоски особено ја акцентираше и потребата од заокружување на правната рамка меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток