Стартуваат испитувања за староста на Охридското Езеро

Од:

Од денеска стартуваат активностите за испитување на староста на Охридското Езеро.

Утврдувањето на точната старост и потеклото на езерото е токму главната цел на меѓународниот проект со работен наслов „Научна соработка за проучување на условите на специјација во Охридско Езеро“.

Според директорката на Хидрбиолошкиот институт во Охрид доктор Сузана Патчева, идејата за проектот се базира врз прелиминарните сеизмолошко-седиментолошки истражувања кои беа извршени во Охридско Езеро во периодот помеѓу 2004 и 2011 година.

Дупчењето ќе биде вршено на пет точки на езерското дно кои се избрани врз основа на претходно извршените сеизмички, седиментолошки и тектонски испитувања.

Проектните активности се планирани да траат шеесеттина дена. Опремата што ќе биде користена при дупчењата, како што велат во Хидробиолошкиот институт ги има сите потребни сертификати за квалитет и безбедност.

Во текот на склопување на платформата и дупчалката нема да има никакви градежни зафати од траен карактер. Целокупната опрема се третира како привремен увоз и по завршувањето на проектните активности ќе биде испратена назад до компанијата која е сопственик и подизведувач на активностите, рече доктор Патчева.

Супер радио

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум