Патниците кои доаѓаат од Северна Италија ќе се пропуштаат на пет гранични премини во земјава

Од:

Патниците кои во земјава доаѓаат од Северна Италија ќе се пропуштаат на пет гранични премини – Богородица, Блаце, Деве Баир, Ќафасан и Табановце за да биде посконцентрирана контролата и да има време да се организираат здравствените работници, рече министерот за здравство Венко Филипче, по состанокот на Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи, а во врска со заканите од коронавирусот.

Министерот најави и засилена контрола на аеродромите во Скопје и во Охрид.

Во меѓувреме, формиран Кризен штаб во Министерството за здрaвство кој секој ден ќе информира за состојбата со коронавирусот, а обезбедени се и простории во Инфективните одделенија во болниците во Штип, Велес и Гостивар кои ќе бидат обезбедувани од претставници од МВР.

Тој го повтори апелот граѓаните ако немаат итна потреба, да не патуваат во Северна Италија.

„Утре на седница на Владата ќе се дискутира да се одложат сите организирани посети во овој регион од страна на државните институции“, рече Филипче.

Toj информира и дека тестовите на тројцата Кинези кои денеска пристигнаа во земјава се негативни, но за секој случај, тие иако веќе биле во 14 дневен карантин, ќе останат во изолација уште две недели под мониторинг на македонските здравствени власти.

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on