Мјанмар денеска стави крај на педесетгодишниот државен монопол врз дневните весници, јави ДПА.
Од денеска во земјата, која до неодамна беше управувана од воена хунта, се појавија четири приватни весници.
Минатиот месец владата на Мјанмар обезбеди лиценци за 16 медиумски групи, со дозвола да издаваат свои дневни весници.
Новите весници се „Јангон дејли“, „Војс дејли“, „Голден ленд фреш дејли“ и „Стандард тајмс“. Првиот од четирите весници е во сопственост на партијата „Сојуз за солидарност и развој“, која раководи со актуелната влада, но е блиска до армијата.
Опозициската Лига за демократија, исто така, поседува лиценца за дневен весник. Медиумите во Мјанмар беа определени како едни од најрепресираните во светот во периодот од 1962 до 2010 година.