(ВИДЕО) Филипче: Апелирам граѓаните да ги одложат сите патувања во северна Италија

Од:

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања во северна Италија.

Мерките за откривање заболени од коронавирус, министерот вели дека од денеска се преземаат на сите копнени гранични премини, а на аеродромите мерките се зголемени и се проверуваат сите патници кои пристигнуваат, за разлика од досега кога проверки се правеа на патниците кои доаѓаат од Кина преку конекциите во Истанбул и Дубаи.

На копнените гранични премини сите патници ќе пополнуваат прашалници кои утрово им биле дадени на граничните полицајци и на царинарниците.

„На сите патници им се поставуваат прашања од каде доаѓаат, дали евентуално доаѓаат од некои од критичните региони, дали биле во контакт со заболени без разлика каде. Врз основа на одговорите, граничната полиција стапува во контакт со регионалниот центар за јавно здравје или со Институтот за јавно здравје тука, во Скопје, а понатаму, доколку има некој патник кој би бил потенцијален пациент во смисла на појава на некои симптоми или бил во контакт со заболени изминатиот период, се постапува согласно алгоритмот, односно епидемиологот го сместува тој патник во посебна просторија на граничниот сувоземен премин, каде што се прават проверките, се прави тестирањете и понатаму се постапува согласно резултатите. Доколку има некој заболен од коронавирусот, тој се спроведува  по соодветен пат на соодветен начин од страна на здравствениот дом во Скопје, во соодветно возило, со соодветно спремен тим до Инфективната клиника во Скопје каде што постои еден дел за изолација, доколку е потребно и карантин“, рече министерот Филипче.

Доколку има патници коишто треба да се следат, за тоа е спремно инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, а спремни ќе бидат и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар, доколку се појави потреба.

На скопскиот аеродром, скрининзите со термалната камера од денес се прават на местото каде што се влегува во делот за царина, локација од која ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега, само патниците од Дубаи и Истанбул. Со бесконтактен термометар, пак, ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид, каде што нема термални камери. Со бесконтанктниот топломер вечерва ќе бидат третирани сите патници кои ќе пристигнат од Милано на охридскиот аеродром.

Тестирања на сомнителни случаи ќе се вршат на инфективните клиники во Скопје и во Куманово, а Министерството за здравство информира дека во земјава има доволно реагенси за тестирање на коронавирусот.

Министерот Филипче извести дека се во постојан контакт со нашиот конзул во Венеција, каде нема податоци за наши граѓани под осервација или заболени од коронавирус.

„Го замоливме конзулот, доколку постои механизам, тој да биде известен ако некоја група на наши граѓани сака да се врати во нашата земја. На тој начин ќе имаме дополнителни информации каде и кога тие би се појавиле на граничните премини“, рече министерот Филипче.

За денеска во 17 часот е закажан состанок со Центарот за управување со кризи по кој ќе се знае дали ќе се побара од средните училишта да ги откажат закажаните екскурзии во Италија и како ќе постапат другите институции.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска