Српското собрание ги усвои договорите од иницијативата „Мини Шенген“ меѓу Србија и Северна Македонија

Од:

Српското собрание денеска го изгласа Договорот меѓу владите на Србија и Северна Македонија за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот за финансии Синиша Мали во дебатата оцени дека одобрувањето на Договорот треба да има влијание врз економските субјекти на двете земји, кои во меѓусебната деловна соработка ќе се префрлат на електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното.

-Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација, кои се подеднакво прифатени и во двете држави, изјави министерот Мали.

Тој посочи дека онлајн услугите на една земја ќе бидат достапни во другата земја, што позитивно ќе влијае на економскиот развој на двете држави.

Српското собрание го донесе и Законот за потврда на дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги на договорот за изменување и пристапување на договорот за слободна трговија во Централна Европа.

– Значењето и основниот мотив за подобрување на меѓусебната соработка и поблиска интеграција во нашиот регион е севкупниот развој и модернизација на нашите општества, односно благосостојбата на сите наши граѓани, истакна Мали.

Во исто време, додаде Мали, Поротокол 6 од ЦЕФТА-спогодбата се однесува на либерализацијата на трговијата со услуги, со што се зголемуваат можностите за зајакнување на економската соработка во регионот на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Протест пред албанската амбасада во Приштина против иницијативата „Отворен Балкан“

Новинарите се незадоволни од третманот на средбата меѓу Заев, Вучиќ и Рама

Жарко Настоски

Вучиќ: Имаше позитивни и негативни реакции, но иницијативата „Отворен Балкан“ е во интерес на регионот

Ана Ололовска

„Отворен Балкан“ е новото име на досегашната регионална иницијатива „Мал Шенген“

Ана Ололовска

„Фајненшал тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ соочена со одложувањето на членството во ЕУ

Ана Ололовска

Вучиќ: Од 1 јануари 2023 година веќе нема да имаме граници меѓу нашите земји

Ана Ололовска