Протест пред албанската амбасада во Приштина против иницијативата „Отворен Балкан“

Од:

Невладината организација Движење за демократија (ДД) одржа денеска симболична акција пред амбасадата на Албанија во Косово против иницијативата „Отворен Балкан“, што ја покренаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум одржан минатиот четврток во Скопје.

Пред амбасадата беше истакнато пано со слики на Вучиќ со Рама и Зев и со осудениот за воени злосторства од страна на Хашкиот трибунал, Војислав Шешељ, како и прикази на српските злосторства во војната во Косово во 1998-99 година.

Над сликите беше запишана пораката до Рама: „Ние не сме заборавиле каков геноцид има извршено Србија на чело со (поранешниот српски лидер, Слободан) Милошевиќ и неговиот министер Вучиќ врз цивилното население во Косово!“.

Демонстрантите порачаа и дека иднината на Косово е „кон Европската унија и Соединетите Американски Држави“, а не кон она што го претендираат иницијаторите, а што, според ДД, е еден вид „Нова Југославија“.

Меџид Рамица од ДД изјави дека протестот е насочен против албанскиот премиер Рама и неговата соработка со српскиот претседател Вучиќ, кого го нарече „криминалец“.

– Со оваа активност го изразуваме нашето незадоволство од премиерот на Албанија, Еди Рама, поради неговите врски со Вучиќ, со српскиот криминалец кој изврши масакри во Косово, за што ги изложивме и фактите за неговите врски со Милошевиќ. Ние се спротивставуваме на „Мини-Шенгенот“ и на средбата (во Скопје), бидејќи Србија не побарала извинување за геноцидот што го изврши во Косово. Ние сме и против дијалог се додека Србија не побара извинување, рече Рамица.­ иа/ссм/

Би можело да ве интересира

Рама: Сателитите во орбитата ќе служат Албанија да има целосна контрола врз територијата

Ескобар: Дијалогот Белград – Приштина го води ЕУ со поддршка на САД

А1он

Курти за Отворен Балкан: Ќе поддржиме иницијативи во кои од самиот почеток е вклучена ЕУ

Рама: Процесот на помирување меѓу Србија и Косово не може да продолжи без тензии

Катерина Павлова-Николовска

Рама: Зборот проширување се користи сe помалку во ЕУ

А1он

Рама за австриски „Kurier“: Нема перспектива за Западен Балкан, ЕУ самата се држи како заложник на Балканот

А1он