А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е на чело рекетарската банда која 3 години ја пустошеше македонската држава

by А1он24/02/2020 - 09:3124/02/2020 - 09:36158
Share0

„Веќе нема дилеми кој е главата на октопод и во чии раце изминативе три години се наоѓаше македонскиот правосуден систем. Нема дилеми дека Зоран Заев беше и премиер, обвинител и Врховен судија кој одлучуваше за притвори, предмети, затворски казни и ослободителни пресуди за криминалци.

Следете a1on на Instagram Instagram

Политичкиот прогон изминатите три години се спроведуваше по директива на Зоран Заев. луѓе се апсеа во 5 часот наутро пред нивните фамилии. Уценувани и рекетирани беа политичари, пратеници и бизнисмени по наредба на еден човек, Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е на чело рекетарската банда која 3 години ја пустошеше македонската држава. Сега веќе е јасно зошто Боро Марлборо беше ослободен по само три месеци затвор. Јасно е зошто Зоран Заев беше ослободен за случајот „Поткуп“ иако цела македонска јавност го виде како зема мито од 200 илјади евра. Јасно е зошто монтираните процеси за оние кои се спротивставија на бандата завршуваа експресно со осудителни пресуди, а зошто за оние кои станаа дел од криминалното здружување на чело со Заев добиваа ослободителни пресуди и рочишта кои нон стоп се одложуваат.

Крајот е близу се ближи 12 април, сите до еден ќе одговараат. Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството.

Следете a1on на Youtube YouTube

Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто