ВМРО-ДПМНЕ: Се ближи крајот на криминалните тендери и грантови

Од:

„Се ближи крајот на криминалната банда на чело со Зоран Заев. 12 април е близу, а со тоа блиску е и крајот на криминалните тендери и грантови, народни пари кои завршуваа во џебовите на високи државни и партиски функционери на СДСМ.

Доаѓа крајот на безидејноста, неспособноста и корупцијата, доаѓа времето за „Oбнова на Македонија“. Рекетот и криминалот го одбележаа владеењето на Зоран Заев, неказивноста на корупцијата и криминално ја загрозија нашата иднина, ја загрозија европската перспектива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија им донесе само порази и понижувања ја клекна на колена македонската економија, здравство, образование. За 3 години власта на СДСМ немаше ниту еден инфраструктурен проект со кој може да се пофали, илјадници граѓани на Македонија се одлучија среќата да ја побараат надвор од државата.

Власта заборави на сите свои ветувања, просечната плата од 500-тини евра, 500-те километри автопат, пензиите не се посакачија, а животот кој го ветија се превори во вистински пекол за граѓаните.

Животот дојде само за оние малкумина обожаватели на Заев кои својата поддршка ја наплатија преку криминал и корупција, на штета на граѓаните.

Време е да се стави крај на криминалната транзиција која ја започна СДСМ, време е конечно Македонија да застане на нозе. Да ставиме крај на транзиционите политичари, време е младите да ја гледаат иднината во сопствената држава, тука каде што е нивниот вистински дом“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче