Независне: Полицијата во Италија извади 1.128 килограми кокаин и испрати празни контејнери со еден килограм

Од:

Најголемиот дел од кокаинот вреден 50 милиони евра кој во меѓународна акција го заплени италијанската полиција во количество поголемо од еден тон, требаше да заврши на пазарот на БиХ, пишува „Независне“.

Две лица во рамките на оваа акција уапси Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) во БиХ, а со оваа голема меѓународна акција опфатени се голем број луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Се работи за меѓународна акција со која е пресечен голем ланец за организирање шверц со дрога, а за кој првично дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја следела пратката.

Како што пренесува медиумот, во едно пристаниште во Италија полицијата запленила неколку контејнери полни со кокаин кој требало да биде испратен во Бар во Црна Гора, а потоа во Македонија и БиХ.

Како што пренесува „Незавине“ полицијата од контејнерите извадила 970 пакети со кокаин, тешки 1.128 килограми, а лажната пратка со еден килограм ја запечатила заедно со системот за следење, за да може да утврди кому му е наменета толку голема пратка со наркотици.

„Независне“ дознаваат дека во Бар по пратката стигнале шест камиони, од кои четири биле од Македонија, не знаејќи дека ги следи полиција, но наместо сиот товар, во нив ималео само еден килограм кокаин кој го оставила полицијата.

Двата камиони заминале за БиХ незнаејќи дека возат празни контејнери и дека ги следат.

Во СИПА потврдиле дека учествувале во меѓународна акција за разбивање на шверц со кокаин, и дека две лица биле уапсени, но не прецизираа детали од акцијата ниту чии камиони со контејнери влегле во БиХ.

Лука Миладиновиќ, портпарол на СИПА кажа дека две лица се уапсени и се предадени на надлежното обвинителство на БиХ.

„На подрачјето на БиХ полициските службеници на СИПА уапсија две лица, ги сослушаа сведоците, и одедоа предмети кои можат да послужат како доказ“, наведе Миладиновиќ.

СИПА акцијата на апсење ја изведе во соработка со полициските и правосудните органи на Италија, Северна Македонија и Црна Гора, при реализација на голема меѓународна оперативна акција на сузбивање на шверц со наркотици, пишува „Независне“.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун

Ураганот Деби „откри“ кокаин во вредност од над еден милион долари

Поранешен олимписки шампион заврши во затвор: Сакал да продаде тон кокаин, па „паднал“ заедно со Црногорец и Македонец

Горан Наумовски