Истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите

Од:

На полноќ истече рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

Печатените медиуми и интернет-порталите беа должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Членот на Државната изборна комисија (ДИК) Јанаќе Витаноски на денешната 58. седница информира дека скоро сите медиуми, печатени медиуми и порталите го запазиле рокот и ги доставиле своите ценовници.

– Заврши рокот до вчера, до 24 часот, и сите медиуми, портали, пишани медиуми ги доставија своите ценовници согласно одлуката што ја донесе ДИК за утврдување на просечната цена постигната во последните пет циклуси, а тоа е 1,83 евра од секунда за медиумите и 0,66 евра за секунда за радијата. Сите тие се кај нас во обработка денеска и ДИК в понеделник ќе го објави регистарот на сите пријавени медиуми, за кој сме задолжени да го направиме. Тие што имаат влезено во регистарот и кој ќе има доставено регуларни ценовници, ќе ги истакнеме и ќе ги доставиме до сите учесници во изборите, односно до политичките партии, рече Витаноски.

Појасни дека врз основа на овој регистар и овој ценовник ќе биде исплатена платената политичка реклама од политичките партии, а од средствата на буџетот кои ќе изнесуваат две евра по запишан избирач или околу 3.600.000 евра ќе бидат исплатени средства од буџетот на државата.

– Ќе ни ги достават до ДИК, а ние врз основа на документите што ги имаме и овој регистар и ценовник ќе бидат исплатени во рокот определен во законот, рече Витаноски.

На новинарско прашање што ќе преземе ДИК за заштита на изборите, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху изјави дека со закон има Кодекс за фер избори кој ќе биде потпишан од политичките партии, а медиумите за тоа ќе бидат дополнително информирани.

– Планираме уште еднаш да ги повикаме сите политички партии кои ќе поднесат листи за пратеници за парламентарните избори да дадат изјави дека до крај изборите ќе бидат фер и демократски организирани како од наша, така и од нивна страна, рече Шеху.

Од ДИК апелираат бидејќи се користат буџетски средства, средства на граѓаните, програмите и кампањите на политичките пратии да не бидат црни туку, како што велат, да бидат проекти во интерес на граѓаните и да дадат чекор напред кон НАТО и ЕУ. Од ДИК информираат дека ќе ги искористат сите механизми, ќе влијаат со својата работа, да ги повикаат и да ги насочат сите учесници во изборите на стриктно почитување на сите одедби поврзани со кампањата согласно Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он