ВМРО-ДПМНЕ: Ние сме партија која што ветува и исполнува

Од:

„По 12-ти април новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе инфраструктурен бум во Република Македонија.

По долгата стагнација на државата поради неспособната влада на СДСМ, време е по 12-ти април да започне обнова заедно со ВМРО-ДПМНЕ.

Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 300 милиони евра во нови водоводни и канализациски мрежи. Македонските граѓани ќе добијат чиста вода за пиење и канализација што ќе им овозможат пристоен живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По 12-ти април во Република Македонија нема да има неасфалтиран регионален пат. Целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе се замени целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт.

ВМРО-ДПМНЕ по 12-ти април се обврзува за обнова која ќе овозможи зголемување на просечната пензија на пензионерите за минимум 20% во еден мандат или тоа ќе значи повеќе од 3.000 денари повеќе за секој еден пензионер.

Во првите 100 дена Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени Законот за пензиско и инвалидско осигурување и согласно новото законско решение пензиите ќе се прилагодуваат на две основи, по порастот на трошоците за живот и со просечниот раст на нето платите.

Мерки кои ќе ги спроведе новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе променат многу, затоа што тие ќе значат повеќе работа, повеќе пари, повеќе за секого во државата. Обновата доаѓа! Заедно ќе се избориме за подобра иднина“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО