Втора победа за македонските кадети на Медитеранските ракометни игри во Атина

Од:

Mакедонската кадетска репрезентација ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со 22:14, на Медитаранските ракометни игри во Атина во натпреварите за пласман од 9. до 15. место, а утре го игра последниот натпревар против Кувајт во обид да се избори за подобра позиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Нашата репрезентација во трите периоди од 15 минути беше подобра од противниците (6:5, 8:4, 8:5) и убедливо со 22:14 оствари триумф.

Ова е втора победа за македонските кадети, а сега вниманието е насочено кон утрешниот натпревар со Кувајт.

Селекторот Никола Матлиески, по натпреварот рече дека неговите избраници одиграа добро, иако направиле неколку технички грешки.

Од почетокот на Медитеранските игри, по групната фаза и во разигрувањето што е во тек, македонската кадетска репрезентација има пет порази, две победи и еден нерешен резултат.

Кадетите загубија од Црна гора (22:17), од Хрватска (21:18), од Шпанија ( 21:14) од Тунис (19:17) и од домаќинот Грција (25:14), а беа поуспешни од Мароко (21:17) и од репрезентацијата на Саудиска Арабија (22:14). Нерешено (18: 18) одиграа со Турција.

Домаќинот Грција, со денешната победа над Турција, во нашата група за пласман од 9-15. место, веќе ја обезбеди деветтата позиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска