Велигденско дрво во Штип

Од:

Здружението на Хрвати во Штип го накитија најголемото велиденско дрво во Македонија. Поставено е во холот на универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ и украсено со околу 400 велигденски јајца. Минатата година ова здружение во холот на Општина Штип го постави и најголемото велигденско јајце.

Долорес Кажуба од Здружението на Хрвати во Штип се надева дека наредната година за Велигден дровото ќе биде украсено со уште повеќе велигденски јајца.

– Сакам на сите верници од католичка вероисповед, како и на сите мои сограѓани, затоа што нашите Велигдени се христијански празници, да им ги честитам, да се среќни и благословени, и кај сите нас да постои насмевка која ќе не сплоти, изјави Кашуба.

Велигден на католичките верници во Штип им го честиташе и новиот штипски градоначалник Илчо Захариев, кој наредната недела ќе го потпише решението за градоначалничкиот мандат. Очекува оваа година да биде осветена и новата католичка црква во градот.

– Мислам дека наскоро ќе ја осветиме и католичката црква во Штип, што ќе биде исто така празник за нашиот град. Сакам на сите граѓани во Македонија со католичка вероисповед да им го честитам празникот. Со тоа ќе покажеме колку во Република Македонија се почитуваат верските слободи, рече Захариев.

Католичкиот Велиден во Штип го слават 55 семејства, кои го слават и  православниот зашто се работи за брачни двојки од различна вероисповед.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации