Ден на македонското правосудство

Од:

Македонското правосудство денеска го одбележува Денот на основањето на судовите, односно поставувањето на темелите на судството во Република Македонија.

Здружението на судиите на Република Македонија на сите судии, јавни обвинители, правобранители, адвокати, медијатори, нотари, извршители, судски службеници и судски советници, судска полиција и на сите вработени во судовите преку соопштение им го честита 31 март – Денот на правосудството со надеж и желби за понатамошни развој на унапредување на правната мисла и владеење на правото.

Функционирањето на судството како носител на сегмент од власта кој се грижи за обезбедување и афирмација на правната сигурност, како што велат од Здружението на судиите, има круцијална улога во доследното почитување на принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права што овозможува реализација и унапредување на високите цивилизациски и општо прифатени идеи и стандарди за демократија во општеството.

– Формирањето на првите редовни цивилни судови во Македонија почнува со донесувањето на Одлуката на второто заседание на АСНОМ од 2 август 1944 година, за формирање на судски органи и поверенство за судство како и судски оддели при народноослободителните одбори и нивните задачи. На 20 октомври 1944 година е донесено решение на президиумот на АСНОМ во кое со точка 12 се предвидува дека до целосното уредување на правосудството во Македонија, судењата ќе се вршат во рамките на народноослободителните одбори. За разлика од револуционерните судови – судовите на партизанските одреди, во овој период се јавуваат како хибриден вид на правосудни органи кои иако формирани од НОВ на Македонија, сепак се карактеристични по две нешта и тоа, прв пат станува збор за правосудни органи засновани со акт на законодавно тело, и органи кои се одвоени од воената структура, како таква доминантна во сите сфери на живеењето во тој период, се вели во соопштението од Здружението на судиите.

На 31 март 1945 година е донесена повелба на АСНОМ за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија и Решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест. Со повелбата се основани 25 околински судови, три обласни судови со седишта во Скопје, Штип и Битола, и Врховен суд со седиште во Скопје. Поради ова, 31 март 1945 година се смета за Ден на основање на судовите, односно поставување на темелите на судството во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО