Новиот производ на Епл: Mек Бук Про со кристална слика

Од:

По големиот успех на петнаесет инчните Mек Бук Про компјутери со Ретина екран компанијата Епл неодамна ги претстави и тринаесет инчните модели кои може да се пофалат со беспрекорна изработка, врвни перформанси и извонреден степен на удобност за време на употребата.

Од битните заеднички обележја на тринаесет инчните Mек Бук Про компјутери со Ретина екран, особено се издвојуваат врвната изработка од едно парче алуминиум и одличниот Ретина дисплеј со максимална работна резолуција од 2560×1600 пиксели.

digi-aple1

Компјутерот нуди кристално јасна слика со природни бои и неверојатни детали, поради што се смета за еден од најдобрите кога станува збор за мултимедијални и ХД содржини.

Одличните тастатури со лед позадинско осветлување и врвните Multi-Touch трекпадови, како и добрата жична и безжична конективност се уште некои од поважните заеднички карактеристики на тринаесет инчните Mек Бук Про компјутери со ретина екран. Сепак, она што ги прави “моќни” е изборот на хардвер кој во овој случај е на највисоко можно ниво.

Основниот модел Епл го испорачува со двојадрен Core i5 процесор со работен такт од 2.5GHz, додека понапредните користат за 100MHz побрз процесор 2.6GHz.

И двата имаат 8GB RAM меморија и Intel HD 4000 графичка со која можете да уживате во најновите мултимедијални содржини и филмови со висока дефиниција.

Суштинската разлика меѓу нив лежи во количината на достапната меморија – базниот модел располага со 128GB, додека понапредниот компјутер има 256GB меморија.

За време на користењето се покажаа како многу моќни машини способни да ги задоволат сите барања кои се поставени пред нив.

Елегантни се, лесни и пријатни за работа. Сепак, она што им недостасува е присуството на дискретен графички акцелератор што го имаат петнаесет инчните решенија.

Цената е превисока за нашиот стандард, затоа ќе останат резервирани само за клиенти со подлабоки џебови.

 

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска